[ВИДЕО] Трајковски го имаше потегот на натпреварот, Македонија дозволи пресврт во Прага

Дерби

04/09/2025

19:34

891

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2:1 на пријателскиот натпревар одигран во Прага, а на кој селекторот Благоја Милевски комбинираше со составот.

Македонија стартуваше со дел од играчите кои имаа помала минутажа изминатиот период, а резултатот го отвори Александар Трајковски во 40. минута со атрактивен погодок.

Трајковски погоди со ножички и изнуди овации од сите присутни на стадионот на Викторија Жижков, оставајќи зад себе уште една мајсторска реализација во националниот тим.

Не успеавме да ја задржиме предноста на полувреме, бидејќи Саудиска Арабија успеа да израмни пет минути подоцна преку Ал Бураикан.

Промените во составот на нашата репрезентација во вториот дел влијаеше и на самата игра, а откако ние не успеавме да направиме нешто поконкретно пред противничкиот гол, ривалот поведе преку Ал Хамдан во 78. минута, фактички поставувајќи го конечниот резултат.

Најважниот предизвик за нашата репрезентација следува по три дена, против Лихтенштајн кога императив се три бода од овој квалификациски натпревар.