[ВИДЕО] Колумбиска судијка доби удар откако покажа црвен картон, па тргна да се пресметува со насилникот

Дерби

04/09/2025

10:57

1.688

Големина на фонт

а а а

Фудбалот во Јужна Америка се доживува на поинаков начин и со посебна страст, но таквиот набој на емоции, често знае да ни донесе и непрофесионални и шокантни потези кои ја фрапираат цела спортска јавност.

Последен доказ за такво нешто е натпреварот од Примера Ц дивизијата во Колумбија, првенство во кое жртва на физички напад била судијката Ванеса Себалјос.

Младата талентирана судијка ја делела правдата на натпреварот меѓу Реал Алијанца Катакера и Депортиво Кике, а кога донела конечна одлука да исклучи еден играч кој е на клупата, следела сцена за паметење.

Хавиер Буливар кукавички ја нападнал и неочекувано ја удрил главната судијка на овој натпревар, но хаосот кој следел е дефинитивно малку очекуван.

Наместо да се жали и да бара реакција од останатите, Ванеса самата се одбранила и тргната да се пресметува со насилникот, а во таквата намера ја спречиле одговорните лица и останатите фудбалери на двата тима.

Колумбиските медиуми бараат доживотна суспензија за Боливар по скандалот кој го предизвика, а истовремено, Ванеса е прикажа како вистинска хероина за храбрата реакција која ја прикажа.