„TikToker“-от Дара Тах, познат по снимање содржини во екстремни и ризични ситуации, повторно го посетил изолираното племе во Индонезија од кое, како што тврди, претходно морал да побегне „спасувајќи го својот живот“. Своето враќање кај групата, која некои ја нарекоа „канибалска“, го документирал на „TikTok“, а овој пат одлучил да дојде со подароци со цел да воспостави пријателски контакт.
Првиот неуспешен обид
Тах обично не се плаши од опасност – работел со рудари на сулфур на индонезиски вулкан и поминал 50 часа во подземен комплекс за нуклеарни проектили. Сепак, неговиот прв контакт со племето во шумите на Папуа не поминал добро. Откако еден од членовите на племето со презир исплукал сол што му ја понудил, ситуацијата ескалирала. Ирецот, како што објаснува, „трчал борејќи се за живот“, а водачот на туристичката група го предупредил: „Мораме да одиме. Не сме добредојдени. Навистина е опасно.“
Враќање со нов подарок
И покрај лошото искуство, Тах одлучил да се врати, но овој пат со тутун како подарок за племето „Баузи“ од северниот брег на Западна Нова Гвинеја. Во потфатот му помогнал локалниот водич Деми од племето „Јали“. „Деми ќе ни помогне да фатиме и документираме претежно непознати традиции на племето Баузи“, најавил Тах во видео со наслов: „Втори обид за контакт со канибалско племе …“.
@daratah 2nd attempt contacting a cannibal tribe… Thanks to our local guide, Demi of the Yali tribe, who is bringing us to meet the Bauzi tribe. Demi will help us to capture and document the largely unknown traditions of the Bauzi tribe.
♬ original sound - Dara Tah
Приближувањето кон населбата било напнато. Тах забележал дека членовите на племето „имаат лакови и стрели“ и дека еден од нив „не изгледа пријателски настроен“. Водичот Деми го предупредил дека човекот повикува свои пријатели и признал дека не може „да гарантира што ќе се случи“. Држејќи го тутунот пред себе како знак на мир, Тах признал пред камерата: „Се потам како луд точно сега.“
Прифаќање на подарокот и поделени реакции
Откако му го понудил тутунот на еден од членовите на племето, се чинело дека мразот е пробиен. Мажот го прифатил подарокот и го повикал на својата територија. „Не се баш среќни, но нè прифаќаат, па да одиме со нив“, превел водичот Деми. На островот Тах бил пречекан со нешто што изгледало како украсен покрив за глава и долг стап, а тој им се заблагодарил снимајќи ги одблиску, забележувајќи „убави ножеви“ на нивните копја.
Реакциите на видеото биле поделени. Додека некои гледачи изразиле загриженост, други биле скептични. „Никогаш не бил во опасност, водичот Деми им кажува на локалците како да се однесуваат и што да прават“, истакнал еден коментатор. Друг коментирал: „Може ли некој да ме означи кога повторно ќе го објави?? Загрижен сум.“