Сауна! Зошто автомобилот покажува повисока (или пониска) температура од реалната

Точка

02/09/2025

19:29

503

Големина на фонт

а а а

Сауна во автомобилот – секојдневие во Македонија од јуни до септември. Сите сме гледале температури на автомобилите кои на жештината надминуваат 60 степени Целзиусови, со свои очи! Сепак, ситуацијата е уште полоша, бидејќи сензорот го мери надворешниот воздух, а во кабината е многу потопло. Исто така, и тогаш воздухот покажува значително повисоки вредности од реалната температура.

Технологијата во автомобилите денес достигна такво ниво што може да понуди многу корисни информации за возачот и патниците. Една од нив е индикаторот за амбиентална температура, кој се мери со термистор – термометар кој е сосема различен од оној што го познаваме.

Термисторот (називот потекнува од англиските зборови thermal и resistor – thermistor) е термички отпорник кој користи електрична енергија за снимање на промени во температурата на воздухот и се смета за многу прецизен сензор. Сепак, проблем често настанува поради положбата на термисторот, бидејќи во речиси 90% од автомобилите се наоѓа веднаш зад предната решетка.


Значи, особено летно време, кога асфалтот се загрева премногу, се емитува повеќе топлина и, последично, термисторот „чита“ поголема вредност, зголемувајќи ја температурата во споредба со реалната температура на воздухот. Истото се случува, на пример, кога куќниот термометар ќе го поставиме веднаш покрај запален камин.

Ова најчесто се забележува кога автомобилот е застанат, бидејќи при движење сензорот го мери воздухот многу поблизу до реалната температура, а не температурата одразена од асфалтот. Затоа метеоролозите препорачуваат температурата која ја покажува автомобилот да ја сметаме за поблиска на реалната кога возиме со поголема брзина надвор од градот или на автопат, како и кога е облачно време.


Сепак, сепак постојат отстапувања од температурата што ја објавуваат метеоролозите, бидејќи тие добиваат податоци од станици каде метеоролошкиот кафез е поставен на висина над 1,2 метри од земја, проветрен, свртен кон север и така натаму – во сосема различна положба од автомобилот.