Маж купил „Tesla Model S“ за 140.000 долари пред две години – сега е шокиран колку вреди автомобилот

Точка

02/09/2025

07:11

5.713

Големина на фонт

а а а

Човек кој пред две години купил „Tesla Model S“ за 140.000 долари останал во шок кога открил колку сега вреди неговото електрично возило.

„Model S“ е најдолго присутниот модел на „Tesla“, во производство уште од 2012 година. Автомобилот освои бројни награди, меѓу кои и „Car of the Year“ и „Ultimate Car of the Year“ на „Motor Trend“.

Но еден сопственик бил непријатно изненаден кога ја дознал откупната цена за својот „Tesla Model S Plaid“ од 2022 година.


Вредноста на „Tesla Model S“ драматично паднала

Како и кај технолошки уреди – мобилни телефони и лаптопи – автомобилите брзо ја губат својата вредност веднаш по купувањето. Сепак, електричните возила засега изгледаат многу повеќе погодени од возилата на бензин.

Во последните месеци повеќе сопственици на ЕВ изразија шок кога дознале колку малку вредат нивните автомобили. Меѓу нив е сопственик на „Tesla“ кој ја понудил својата кола на „WeBuyAnyCar“, како и еден Британец со „Porsche Taycan“, кој изјавил дека неговиот автомобил е сега „безвреден“.

Во САД, Кајл Конер објави на „X“ (поранешен „Twitter“) неколку снимки од екран кои покажуваат колку изгубила вредност неговата „Tesla Model S“ за само две години.

Првата снимка покажува дека во октомври 2022 година тој платил 140.940 долари за црна „Tesla Model S Plaid“. Втората открива дека по две години и 37.191 извозени милји, проценетата откупна цена е само 46.400 долари.

Споделувајќи ги доказите, Конер кратко напишал: „depreciation“ (пад на вредноста).

Вреди да се напомене дека Конер купил во време кога „Model S Plaid“ бил поскап отколку што е денес. Сега моделот за 2025 година започнува од 89.990 долари. Сепак, губење од речиси 100.000 долари за само две години е удар што малку кој би го примил лесно.


„Model S“ на врвот по загуба на вредност

„Tesla Model S“ го зазеде првото место во едно истражување за загуба на вредност кај електричните возила во период од 10 години.

Истражувањето, спроведено од „Boohoff Law“, ги споредило препорачаните цени на производителот во 2015 година со просечните цени на препродажба во 2025 година.

Од 18 анализирани електрични автомобили, токму „Tesla Model S“ имал најголем пад на вредноста – од 95.600 долари во 2015 на само 9.800 долари во 2025. Тоа претставува пад од неверојатни 89,75 проценти.