Американската пејачка Кристина Агилера сподели нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед е предмет на шпекулации откако одеднаш ослабе 20 килограми.
Покрај црвениот костим за капење, Агилера носела и чевли со потпетици, истакнувајќи ги нејзините затегнати нозе. Долгата руса коса ѝ беше пуштена, а пејачката позираше на лежалка покрај базен. Изгледот го надополни со пар темни очила за сонце и златни обетки.
„Појадокот е сервиран“, напиша таа под фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Откако нагло ослабе 20 килограми, нејзиниот изглед е тема на дискусија на интернет, а многумина се убедени дека и таа користела лекови за дијабетес за да ослабе.
Но кон крајот на минатата година, Агилера конечно одговори на широко распространетите гласини, објавувајќи видео монтажа со коментари за нејзиниот изглед.
Таа претходно раскажа како со години се борела со вишокот килограми и откри како успеала да се справи со нив, негирајќи дека станува збор за Оземпик.
Како што рече, нејзината тајна била во тоа што се посветила на здрава, балансирана исхрана и ригорозен режим на вежбање. Кога во 2008 година го родила својот син Макс, кој сега има 15 години, Агилера беше предмет на бројни негативни коментари поради нејзината тежина.
Потоа почнала да губи тежина за улогата, но нејзината тежина повторно флуктуирала. Пејачката откри дека изгубила околу 20 килограми во текот на годините со ограничување на дневниот внес на храна на 1.600 калории и следење на диетата „Виножито“ (Rainow).