Бројни филмски ѕвезди од регионот присуствуваа на овогодишниот Сараево филм фестивал, вклучувајќи ја и црногорската инфлуенсерка Маја Бучанин, која привлече огромно внимание на црвениот килим.
Таа пристигна на овој престижен настан, кој се одржува по 31-ви пат, цела во бело; во долг елегантен бел фустан со огромни пуф ракави и опашка што се влечеше по подот.
Косата ѝ беше собрана во висока опашка со брановидни прамени, а шминката ја нагласи нејзината убавина.
Елегантното издание го заокружи со соодветен накит, а многумина не останаа имуни на нејзиниот изглед, во продолжение неколку интересни факти за младата инфлуенсерка.
Маја Бучанин е црногорска инфлуенсерка и долгогодишна главна стјуардеса на луксузни јахти, родена во Тиват, со адреса во Белград. На социјалните мрежи, таа се профилираше преку содржини за лајфстајл, патувања и мода, а особено преку автентични записи од морето, поради што стекна голема публика на ТикТок и Инстаграм.
Бучанин стана препознатлива во јавноста и преку приказни од јахтинг индустријата. Со текот на годините, таа напредуваше до нејзината сегашна позиција и со задоволство ги споделува своите искуства на мрежите.
Во декември 2023 година, таа беше прогласена за лајфстајл инфлуенсерка на годината во Црна Гора.
Соработува со брендови и туристички проекти и најчесто содржината што ја објавува ја поврзува со Црна Гора.
Во октомври 2023 година, таа се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер со кого минатата година доби дете.