[ФОТО] Беше кралица на теренот, но со помош на Оземпик ги победи килограмите: Славната тенисерка се пофали со новата фигура

Точка

22/08/2025

13:45

836

Големина на фонт

а а а

Пензионираната тениска икона Серена Вилијамс (43) изгледа подобро од кога било, а тоа го докажа со серија фотографии во жолт костим за капење што ги објави на Инстаграм.

Таа се пофали со фотографиите откако неодамна во разговор со „Пипл“ проговори за нејзиното слабеење и откри дека ослабела повеќе од 14 килограми со помош на лекот „GLP-1“.


На фотографиите, 23-кратната освојувачка на Гренд слем титули позираше самоуверено во вода до колена, облечена во едноделен жолт костим за капење со исечок во средината. Изгледот го надополни со зелен шал околу вратот и црни очила за сонце.


Тренирала напорно, но немало напредок

Серена, мајката на шестгодишната Олимпија и едногодишната Адира, кои ги доби со сопругот Алексис Оханијан, неодамна отворено проговори за своите проблеми со тежината. „Се чувствувам одлично. Се чувствувам навистина добро и здраво. Се чувствувам лесно физички и ментално“, рече таа.


Нејзините проблеми со тежината, како што рече, започнале по раѓањето на нејзината прва ќерка, Олимпија, во 2017 година. „Никогаш не можев да ја достигнам тежината што требаше да ја имам, без оглед на тоа што правев, без оглед на тоа колку тренирав“, објасни таа. „Беше лудо затоа што никогаш во мојот живот не бев во таква ситуација каде што работев толку напорно и се хранев здраво, а сепак не можев да ја достигнам посакуваната тежина“, додаде Серена.


Прославената тенисерка нагласи дека исходот од нејзината напорна работа се променил по бременоста. „Беше многу фрустрирачки да ги правиш сите исти работи и никогаш да не можеш да го промениш тој број на вагата или изгледот на телото“, рече тенисерката.


Користела со Оземпик

Вилијамс доживеала слични тешкотии и по раѓањето на втората ќерка, Адира, во август 2023 година. Иако изгуби многу тежина во првите две недели, процесот запрел потоа. „После тоа, не изгубив ниту еден килограм“, откри Серена. Тогаш побарала помош од компанијата Ро, која нуди поддршка со третман со лекови од групата GLP-1, меѓу кои се популарните Оземпик и Мунџаро. Вилијамс нагласи дека спровела темелно истражување и се консултирала со својот лекар пред да донесе одлука.


Таа почнала да ги прима неделните инјекции на почетокот од 2024 година, околу шест месеци откако се родила Адира, кога престанала да дои. Оттогаш, како што рече таа, се чувствува подобро од кога било. „Едноставно, можам повеќе. Поактивна сум. Зглобовите не ме болат толку многу“, истакна Вилијамс, но додаде дека нејзината самодоверба и љубов кон себе не се промениле.


„Губењето тежина никогаш не треба навистина да ја промени вашата слика за себе“, рече таа. „Жените честопати доживуваат осудување поради своите тела, без разлика на нивната големина, и јас го знам тоа. Затоа мислам дека треба да се сакате себеси во која било големина, без разлика како изгледате“, порача Серена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk