Името Меланија Трамп одамна е синоним за елеганција, беспрекорен вкус и врвен стил.
Секој нејзин јавен настап внимателно е осмислен до најситен детаљ, од раскошни фустани и совршени фризури, па сѐ до дискретен, но впечатлив парфем којшто ја следи и остава трага.
Не е ниту чудно што парфемите кои ги бира станале речиси еднакво легендарни како и нејзините модни комбинации.
Меланија никогаш не посегнува по генерички, премногу популарни парфеми. Таа бира парфеми кои ја нагласуваат нејзината индивидуалност и оставаат едноставен впечаток.
За дама од нејзин ранг парфемот е повеќе од додаток, тој е неизбришлив дел од нејзиниот потпис.
1. „Dolce & Gabbana Red Cap“
Раскошната композиција во која се преплетуваат цветни, цитрусни и зелени ноти, создавајќи мирис којшто истовремено освежува и е длабок. На кожата се развива во неколку слоеви и остава елегантна трага која трае со часови.
2. „Givenchy Organza“
Сензуален и безвременски, овој парфем во срцето крие бели цветови, збогатени со топлината на ванилата. Органзата внесува доза нежност, но и аристократски став, совршена комбинација која освојува на прв мирис.
3. „Chanel No. 5“
Култниот класик којшто не треба посебно да се претставува. Неговиот раскошен цветен букет со децении ги освојува жените ширум светот, а во случајот на Меланија добива дополнителна доза софистицираност. Овој мирис совршено ја спојува традицијата и модерното, баш како и таа сама.
Изборот на Меланија за парфеми открива она што нејзиниот стил одамна го кажува – дека вистинската елеганција никогаш не излегува од мода, а совршениот мирис останува во сеќавање засекогаш.