[ФОТО] Ја покажа заднината, но вниманието го привлече пластичното лице од речиси 300.000 долари

Точка

06/08/2025

21:41

2.822

Големина на фонт

а а а

Линдзи Лохан се појави на премиерата на Дизниевиот филм „Freakier Friday“ во Австралија и по тој повод носела смела модна комбинација.

Актерката веќе подолго време е во центарот на светските медиуми, а поради неверојатната трансформација на нејзиниот имиџ – поточно, неверојатната работа на пластичниот хирург.

Според нејзини зборови, таа потрошила речиси 300.000 долари за операции, а судејќи според фотографиите, успеала во намерата да го промени својот личен опис.


Од тој момент, медиумите го коментираат секој нејзин потег – дури и кога само ќе реши да прошета по црвениот килим.


Имено, Линдзи неодамна присуствувала на премиерата на филмот „Freakier Friday“ во Сиднеј, Австралија, а за таа пригода носела смела модна комбинација.


Како што може да се види на фотографиите од таа вечер, актерката се одлучила за проѕирен црн фустан со тенки прерамки. Креацијата ја краси отворен грб, но и класичен крој кој нема многу детали.


Покрај тоа, фустанот е проѕирен во долниот дел, што на целото издание му дава допир на провокација.


Стајлингот го надополни со брановидна фризура што паѓаше по рамењата, како и шминка во „nude“ тонови.

Земјените нијанси дополнително го истакнаа нејзиното пластично лице, кое беше централен мотив на речиси сите фотографии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk