[ВИДЕО] Лиам Галагер ги исмевал „Колдплеј“ за скандалот поради кој директорот прељубник остана без работа: „Имаме ли гулабчиња овде вечерва?“

Точка

22/07/2025

19:08

630

Големина на фонт

а а а

Лиам Галегер на концертот на групата Оазис во Манчестер зборуваше за таканаречените „камери за бакнеж“ („kiss cam“), кои пред извесно време на настапот на бендот Колдплеј во Бостон открија неверство, по што на крајот директор на една компанија поднесе оставка.

Галaгер не ги поштеди Колдплеј и го изнесе своето мислење.

„Епа, имаме ли гулабчиња овде вечер? Не грижете се, немаме ние ништо од оние подли, е*ани камери на „Coldplay“. Нема да навлегуваме во тие помпезни, подмолни, е*ани глупости. Нас воопшто не нè интересира со кого е*ено се дружите, или кој ве возбудува, или кому буткате прсти. Тоа воопшто не е наша е*ена работа. Но оваа песна е за гулабчињата, во секој случај“, рече Галaгер.

Скандал што го обиколи светот

Да потсетиме дека сагата започна на 16 јули на концертот на Колдплеј во Масачусетс, кога камерата фатила како момче и девојка се бакнува. Нивната реакција била панична, при што жената си го покривала лицето, а мажот се тргнал од кадарот, веднаш снимката предизвикала сомнеж. Пејачот Крис Мартин се пошегува: „Или имаат афера или се само многу срамежливи“.


Директорот поднесе оставка

Видеото стана вирално, а човекот во него наскоро беше откриен дека е Енди Бајрон, извршен директор на технолошката компанија „Астрономер“. Компанијата брзо одговори, објавувајќи дека започнува внатрешна истрага и дека од нивните раководители се очекуваат највисоки стандарди на однесување. Бајрон прво беше испратен на отсуство, само за да даде отказ еден ден подоцна.

„Настаните од изминатите неколку дена привлекоа медиумско внимание какво што ретко може да доживее која било компанија. Рефлектори беа невообичаени и надреални за нашиот тим“, рече привремениот директор Пит Де Џој, а Бајрон не коментираше за случајот.