[ВИДЕО] Синот на Бекам повторно исмејуван поради неговото готвење – Подготвувал тестенини во морска вода: „Тестенини со прилог од фекални бактерии… Бљак“

Точка

22/07/2025

17:08

827

Големина на фонт

а а а

Синот на пoранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин повторно ја заинтригира јавноста, но овој пат не поради односите со семејството или љубовта со сопругата, туку поради готвењето тестенини користејќи морска вода.

Тој објави видео на Инстаграм во кое подготвува јадење на луксузна јахта, а наместо обична вода во тенџерето, тој го наполни со морска вода.

Додека готвеше, го промовираше својот бренд на лут сос, кој го додаде на доматите динстани во маслиново масло. Видеото ја прикажува и импресивната кујна на јахтата, но сето тоа падна во втор план кога луѓето сфатија дека тестенините се варат во солената вода од океанот.


Коментарите брзо ја преплавија објавата, а повеќето обожаватели беа згреозени.

„Дали знаеш дека бродовите испуштаат бензин во морето? И дека морето е полно со бактерии? Ова не е многу паметна идеја“; „Кога ќе седнеш на тоалетот по четврти пат за половина час, ќе се сетиш од каде си ја зел водата“; „Одвратно. Готвењето во таа вода е лудо“; „Опасно е да се готви во непречистена морска вода“; „Тестенини со прилог од фекални бактерии… Бљак“, беа само некои од коментарите под неговата објава.

Ова не е првпат синот на Дејвид и Викторија Бекам да се најде на мета на критики за неговото готвење. Минатата година, следбениците го нападнаа за рецепт со тартуфи, скап деликатес што многумина не можат да си го дозволат.

Пред тоа, беше исмејуван за рецепт за печено месо, а потоа, синот на Бекам зготви јадење во кое, очигледно, стави вино, а заедно со другите состојки, Бруклин фрли и плута од вино во тенџерето.

И како тоа да не беше доволно за да предизвика реакции кај некои луѓе, Бекам готвеше со своето куче Пинат во раце, што некои исто така го гледаа со негодување и го осудија.