[ВИДЕО] Што ќе каже Путин на сето ова? Познатите т.А.Т.у.“ некогаш се бакнуваа на сцена, сега по 12 години за прв настап го одбраа најконтроверзното место

Точка

22/07/2025

20:39

1.317

Големина на фонт

а а а

Руското поп-дуо „т.А.Т.у.“, познато по својот лезбејски имиџ и хитовите „All the Things She Said“ и „Not Gonna Get Us“, на 19 јули го одржа својот прв јавен концерт по пауза од дванаесет години.

Јулија Волкова и Лена Катина настапија во летувалиштето Мрија на Крим и привлекоа илјадници обожаватели од Русија и од странство. Изведоа бројни хитови од почетокот на 2000-тите, со впечатлива сценска продукција, светлосни ефекти и провокативни модни комбинации.

Настапот предизвика силни реакции. Руските фанови со воодушевување го поздравија враќањето на музичкото дуо, а многумина го доживеаја како носталгичен потсетник на времето кога „т.А.Т.у.“ беа на врвот на светските топ-листи и ги менуваа перцепциите за родот и сексуалноста во поп-културата.

Сепак, дел од меѓународната јавност го критикуваше изборот концертот да се одржи на Крим, поради неговиот политички контекст. Двете пејачки не дадоа изјава за ова прашање.

Многумина коментираа и што има да каже Владимир Путин за сето ова, со оглед на неговиот став за забрана на ЛГБТК+ „пропагандата“ во Русија и бројните санкции.