Во ова време кога вистината често е закопана под слоевите на добро „спакуваните“ приказни и сензационални тврдења, одредени хороскопски знаци покажуваат исклучителна склоност да поверуваат во сѐ што ќе слушнат.
Не затоа што се наивни туку затоа што им веруваат на луѓето повеќе отколку што треба, на нивните емоции, тонот на гласот, атмосферата на приказната.
Астролозите истакнуваат дека одредени хороскопски знаци не располагаат со инстинктивен сомнеж, оној филтер којшто го запира верувањето во сѐ што човек ќе изговори.
Наместо тоа, тие се склони да кимнат со главата, да поверуваат, па дури и да ја пренесат приказната понатаму, без дополнителни преиспитувања.
Во светот преполн со дезинформации, овие знаци потсетуваат колку чувствата, довербата и потребата за поврзаност и натаму е моќна сила.
Рибите се вистински емотивци – интуитивни, емпатични и со отворено срце. Доколку приказната им ја пренесете со доволно емоции, тешко ќе се преиспитаат. Тие не бараат докази, важно е да ја почувствуваат приказната.
Дури и доколку тврдите дека соседите добиле на лотарија и се отселиле да ги хранат ламите, Рибите тоа ќе го прифатат доколку го раскажете убаво.
Раковите се познати по својата емоционална длабочина и потреба да се грижат за другите. Секоја приказна за семејната драма, патење или изгубени љубови лесно може да им се вовлече под кожа.
Кога нешто ќе слушнат, нивното срце ја презема контролата, па често ќе се споделува приказната понатаму, не доведувајќи ја во прашање вистинитоста.
Вагите избегнуваат конфликти и не сакаат да ги преиспитуваат туѓите тврдења. Кога некој ќе им раскаже нешто неверојатно, ќе одговорат со „интересно“, а не „тоа е невозможно“.
Нивната потреба за баланс и мир значи дека често ги прифаќаат работите без дополнителни прашања, особено доколку доаѓаат од некој кому му веруваат.
Авантуристичкиот дух на Стрелците не знае за граници кога станува збор за приказните. Колку што се полуди толку е подобро за нив. Тие уживаат во необичниот наратив и шпекулациите кои му пркосат на секојдневието.
Доколку слушнат нешто неверојатно, нема да се запрашаат дали тоа е точно, ќе прашаат дали може приказната да стане уште повозбудлива. Некогаш можеби ќе додадат уште некој детаљ затоа што кај нив вистината и добрата приказна не се нужно исто.