[ВИДЕО] Омилената торта од Југославија: Рецепт после кој нема да посакате да јадете друг десерт

Кармин

09/07/2025

16:07

1.175

Големина на фонт

а а а

Оваа торта е класика во домашната слаткарска традиција, особено во земјите од поранешна Југославија и централна Европа.

Тортата припаѓа во групата на т.н. анонимни традиционални колачи кои по устен пат се споделувале низ домаќинствата, особено во текот на 19 и 20 век.

Состојки:

Бисквит:

- 6 јајца;
- 150 грама ореви;
- 70 грама путер;
- 100 грама чоколадо;
- 120 грама шеќер;
- 2 лажици брашно.

Фил:

- 1 јајце;
- 100 грама чоколадо;
- 120 грама путер;
- 100 грама шеќер.

За прелив:

- 150 грама чоколадо;
- 50 грама путер.

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст шлаг. Во друга чинија изматете ги жолчките со шеќерот, а потоа додадете го путерот и чоколадото, а потоа и белките и брашното.

Ставете ја смесата во калап за печење, а откако ќе се испече исечете ја на три еднакви дела.

Филот направете го така што ќе ги изматите јајцата, па ќе ги ставите на пареа со шеќерот. После растопете и додадете чоколадо, па маргарин.

Филувајте ги корите и сите прелијте ги со стопеното чоколадо.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk