Како што температурите растат, важно е да ги потсетиме родителите на опасноста која жешкиот автомобил ја претставува за децата, додека пак педијатар предупредува на мерки на безбедност кои можат да спречат трагична несреќа.
Температурата во внатрешноста на возилото може да се зголеми и за 20 степени за само 10 минути, а децата се особено чувствителни на жештина.
„Децата имаат поголема површина на телото во споредба со својата маса. Исто така, побрзо дехидрираат и имаат побрз метаболизам, така што произведуваат многу топлина. Дури и за само неколку минути во автомобилот, тие ќе се загреат три до пет пати побрзо за разлика од возрасна личност“, објаснилa д-р Генон Вичинa, педијатар во Детската клиника во Кливленд.
- брзо прегревање на телото;
- дехидратација;
- оштетување на органи;
- губење на свест;
- топлотен удар;
- смртен исход.
Околу 37 деца умираат од топлотен удар секоја година затоа што биле оставени или заборавени во жежок автомобил.
И д-р Вичина нагласува дека постојат чекори кои родителите може да ги преземат за да спречат таква трагедија. Пред сѐ, никогаш не оставајте ги децата сами во автомобилот, ни на кратко.
Важно
Д-р Вичина советува секогаш да го заклучувате возилото откако ќе излезете за да спречите вашите деца случајно да се качат внатре додека не сте во близина.
„Кога ќе влезете со дете во автомобилот треба да ставите нешто на задното седиште да ве потсетува дека е тука, како телефон или чанта“, вели д-р Вичина.
Некои луѓе исто така препорачале да ставите мала плиш играчка на предното седиште за да ве потсети дека детето е одзади.
- висока температура (вообичаено над 40 степени Целзиусови);
- црвена, жешка и сува кожа (потењето може да престане);
- силна главоболка;
- вртоглавица и збунетост;
- мачнина и повраќање;
- забрзан или слаб пулс;
- слабост или грчеви во мускулите;
- губење свест.