[ФОТО] Жената која „не старее“ повторно шокира со новите фотографии: Го прослави 76-тиот роденден и не ја открива својата тајна

Точка

02/07/2025

08:42

1.299

Големина на фонт

а а а

Познатата дизајнерка на венчаници наполни 76 години, но кога ќе видите како изгледа, тешко дека ќе поверувате во тоа.

Познатата Вера Ванг, верувале или не, наполни 76 години, а по тој повод организирала прослава во Париз за најблиските пријатели.


Дизајнерката сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил, но исто така докажа дека возраста и модата дефинитивно не треба да се поврзуваат. Кога станува збор за младоликоста и во минатото Вера беше тема, а често се дискутирало за нејзиниот изглед.

Додека на неодамна објавената фотографија таа позирала во краток црн џемпер и долго здолниште, а сè украси со ремен со синџири.


„Се обидувам да бидам малку модерна“, напиша Вера, очигледно шегувајќи се на своја сметка.

Своето екстравагантно модно издание го надополни со високи потпетици и црна лента за коса како и очила за сонце. Повторно, нејзиниот изглед беше главна тема и на никој сè уште не му е јасно како е можно оваа жена да е во својата осма деценија.


Ванг често е пример за тоа како возраста не може да биде пречка и тоа не само кога станува збор за модата.


Имено таа ја започнала својата кариера како дизајнерка на венчаници на 40-годишна возраст, иако дури и дотогаш била многу успешна. Соработувала со Ралф Лорен, а потоа решила да стане независна.


Меѓутоа Ванг сè уште не ја открила тајната на својот младешки изглед, а како што самата еднаш рече, не прави ништо посебно и се однесува сосема нормално, па засега сè уште мора да веруваме дека „главниот виновник“ е генетиката и обичниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk