Ѝ го украла сопругот, а потоа бесрамно ја понижила пред сите: „Изгради живот на несреќа на друга жена“, холивудската миленичка наиде на осуди

Кармин

03/07/2025

08:30

1.874

Големина на фонт

а а а

Иако за многумина Џулија Робертс е омилена актерка, постојат луѓе на кои не им е симпатична. Причината за тие несимпатии е фактот што таа со сопругот Даниел Модеро ја запчнала врската додека сѐ уште била во брак.

Тогашната сопруга на Модеро покажала револт така што не сакала да се согласи на развод, но Џулија тогаш одлучила да ги вмеша своите прсти индиректно, но сепак јавно ја прозвала неговата сопруга така што носела маица со провокативен натпис во кој ја исмеала.

Оваа афера повторно се нашла во центар на вниманието на јавноста после интервјуто пред неколку години во кое на прашање на водителката актерката одговорила дека глумата не ѝ бил единствениот сон туку и животот со сегашниот сопруг.


„Животот којшто го создадов со сопругот, животот којшто го изградивме со своите деца. Најдобрата работа е кога на крај на денот триумфот ќе им го вратам нив“, рекла актерката тогаш, а нејзиниот одговор наишол на осуда.

„Го изгради животот на несреќа на друга жена. Џулија го украде мажот на друга жена, а потоа носеше маица со натпис Low Vera (името на првата сопруга на Даниел). Се надевам дека Вера ќе најде љубов и повторно ќе се венча“.

Што се крие зад натписот на маицата?

Актерката и режисерот се запознале во 2000 година на снимање на филм, а меѓу нив веднаш започнала љубовта иако и двајцата тогаш биле зафатени.

Шест месеци откако ја започнале аферата, Даниел се отселил од кај неговата сопруга, но таа и натаму не сакала да му потпише развод. Две години подоцна Робертс ја презела работата во свои раце, па со маичката прошетала во западниот дел од Холивуд, знаејќи дека папарацо фотографиите ќе ја фотографираат.


За маицата која ја напишала рачно говорела и во емисијата кај Опра Винфри.

„Знаете за што станува збор? Приватна работа“, изјавила Џулија, а Вера набрзо после тоа се согласила да потпише развод.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk