Јелена Ѓоковиќ го следела натпреварот на сопругот Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, додека друштво ѝ правеле синот Сефан и ќерката Тара.
Јелена Ѓоковиќ се појавила на вториот ден од Вимблдон за од трибините да го бодри сопругот Новак Ѓоковиќ. Друштво ѝ правеле децата Стефан и Тара кои гласно навивале, додека Јелена била посмирена.
Вимблдон е местото на престижот, настан чие место се планира и резервира месеци претходно. Така во ложите често можеме да ги видиме и Дејвид Бекам, Дастин Хофман и други славни личности кои уживаат во добриот спорт.
Не е ни чудно што Јелена, како сопруга на еден од најдобрите тенисери на светот, одлучила внимателно да го избере својот стајлинг за овој настан.
Елегантниот и суптилен стил се нејзин избор со години, па така било и овојпат на Вимблдон.
Јелена избрала да носи минимализам, додека пак единственото нешто што се истакнува најмногу е нејзиниот часовник, луксузен аксесоар којшто дискретно го сугерира нејзиниот статус.
Станува збор за модел „Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, розово злато со пречник 37 милиметри.
Претставува робустна верзија на класичната колекција од брендот лансирана 1972 година. Линијата првпат била претставена во 1993 година како спортска и масивна варијанта на оригиналот.
Часовникот е познат по својот препознатлив дизајн, направен од врвни материјали и има исклучителна изработка. Има и посебно значење – моќ и престиж.
Часовникот на Јелена е украсен со 32 дијаманти и неговата цена достигнува до 50 илјади евра.
За оваа прилика Јелена облекла фустан со потпис на „Charo Ruiz Ibiza“ во црна боја со пуф ракави. Струкираниот фустан којшто има мал корсет го истакнал нејзиниот струк, додека пак должината ги покажала нејзините затегнати нозе. Цената на овој фустан е од 500 до 550 евра.
Накитот го збогатил нејзиниот изглед, па покрај бурмата се истакнува алката чија цена достигнува до 2000 евра.
Со оваа комбинација Јелена избрала мали и дискретни обетки со дијаманти со вредност до 2000 евра.