[ФОТО] За 1000 денари во овој рај во соседството може да јадете и пиете цел ден – местото во текот на летото е вистинска природна оаза

Точка

27/06/2025

10:41

3.936

Големина на фонт

а а а

Позната како престолнина на малините и таксистите, општината Ариље во текот на летните месеци е една од најпопуларните во западна Србија.

Иако нема базен, ова живописно место ја има една од најчистите реки во Србија – Рзав, на чие крајбрежје и на плажите со специфични имиња доаѓаат многу луѓе.

„Плажите се сместени во недопрената природа на само 10-на километри од центарот на градот. Имаме домашни туристи кои ги полнат плажите. Но, многу често доаѓаат и гости од други делови на Балканот“, вели еден угостител.


Во нереалната природа таму може да „поминете“ за помалку од две илјади динари (1000 денари), а ниту една содржина од оние кои ви ги нудат нема да ви недостасува.

Еднакво можат да уживаат и младите и семејствата со мали деца.

„Во градот е претопло и затоа оваа прекрасна река е спасот за нас. Без проблем и синот го носам тука затоа што знам дека е многу чисто и дека престојот во ова прекрасно опкружување може да ни донесе корист. Денот е исполнет со пливање, играње и сончање“, изјавила Милена.


Српскиот Тајланд се наоѓа во Ариље и е вистински рај

Исто така, иако мирна оаза, Ариље може да биде и рај за авантуристите затоа што таму може да пешачите до единствената Водна пештера или Височката бања која ја нарекуваат и српски Тајланд.

„Бањата постои осум века, а оваа вода како лек се користи повеќе од 100 години. Меѓутоа, првите базени настанале во 1948 година кога еден човек на санка ја донел својата жена крај реката, а жената била претепана од страна на Германците и не можела да оди.


По 15-на дена користење на оваа вода и капење во неа, таа како што велат, почнала да оди и пешки се вратила во своето село. Во знак на благодарност тој човек, поради тоа што бил богат, прв ги направил базените во бањата“, вели Драгослав Ковачевиќ од Ариље.

Водата во бањата има константна температура од 24 степени, па во неа луѓето се капат и на зима. Одамна е позната дека лекува ревма, срцеви проблеми, нервни проблеми, кожни и очни заболувања.