Новата објава во групата „Grčka info“ од популарната плажа на Тасос, Марбл бич, изненадила многу од љубителите на Грција.
На само шест километри од Лименаса, главниот град на островот Тасос, се наоѓа популарната Мермерна плажа, едно од најфотогеничните места во Грција, а позната е по белиот мермерен песок и тиркизната вода која потсетува на егзотична дестинација.
Но, рајот има своја цена
Цена за сет лежалки и чадор ова лето достигнува 50 евра, што шокирало многу од туристите.
Trenutno aktuelne cene na Mermernoj plaži na Tasosu.
Posted by Grckainfo.com on Tuesday, June 24, 2025
И покрај високите цени, плажата е преполна, редовите лежалки се полни до последното место, оние кои ќе дојдат без резервација за плажа или со сопствени пешкири често остануваат без место.
„Не знаеш дали е поголем шок цената или метежот“, коментирале посетителите.
Во сезона препорачливо е да дојдете многу порано наутро на плажата затоа што и паркингот станува непрооден, а слободните места се заземаат во првиот час.
Мермерната плажа за многумина е неизбежна станица поради својот изглед, но има сѐ повеќе луѓе кои се прашуваат дали метежот и цените ја претвораат во луксуз за избрани луѓе.
Дали вие би платиле 50 евра за пар лежалки и поглед од соништата?