„Шизик на ризик“ со луда FLASH SALE акција – до 50% попуст на целиот асортиман!

Точка

27/06/2025

11:43

464

Големина на фонт

а а а

Сите љубители на неконвенционален стил, кои што сакаат да се издвојат од толпата конечно имаат шанса да купат нешто повеќе од својот омилен бренд „Шизик на ризик“ со голем попуст!

Имено, овој македонски бренд со став, ја лансира својата најголема онлајн промоција до сега – FLASH SALE со попусти од 30% до 50% на целиот асортиман! Оваа ексклузивна понуда важи само преку онлајн продавницата 👉 www.shiziknarizik.com и трае до 01 јули 2025 година.


Во „Шизик на Ризик“ продавницата во Скопје и Охрид ќе најдете парчиња што ги спојуваат удобноста со естетиката – софистицирани, но разиграни, модерни, но со допир на ретро шарм. Модните парчиња од „Шизик на Ризик“ не се само облека, тие се изјава, емоција, бунт. Од урбани маички инспирирани од скопските улици и нашата богата култура, до торби, чорапи и капчиња со впечатливи дизајни, секое парче носи приказна за слободен дух и автентичност.


„Нашите купувачи се навикнати на нешто поразлично – токму затоа ја правиме оваа акција. FLASH SALE-от е наша благодарност до сите ‘шизици’ што не следат изминативе години!“, велат од тимот на „Шизик на ризик“.

Линијата производи на Шизик на ризик е наменета за смели и уникатни момци и девојки, за неконвенционални и духовити индивидуи, кои не се срамат да бидат свои и автентични.


Затоа, наместо индустриски парчиња мода, ова лето изберете нешто што носи став, приказна и неповторлив македонски печат – уникатно парче мода од „Шизик на Ризик“.


Комерцијален текст