Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез го прослави Денот на татковците на посебен начин, објавувајќи на својот инстаграм-профил досега невидени фотографии со својот татко, Дејвид Лопез.
за неговата поддршка и сила низ годините, а фотографиите го покажуваат нивниот близок однос, од заеднички појавувања на црвениот тепих до семејни моменти.
„Среќен Ден на татковците, тато. Како што минуваат годините и како што стекнувам нови животни искуства, сè повеќе сфаќам колку се извонредни твојата тивка сила и непоколеблива љубов. Твојата доследност, љубезност и внимание отсекогаш ми биле пример за да го живеам мојот живот. Ти благодарам за сè што правиш за мене и моите деца. Ти си, и отсекогаш си бил, мој херој“, напиша таа во објавата.
Џенифер Лопез ретко зборува јавно за својот татко, но секој пат кога го прави тоа, изразува длабока почит и благодарност.
Патем, Дејвид Лопез работел во ИТ секторот, а Џенифер често нагласува дека нејзините родители ѝ всадиле вредни работни навики и животни принципи кои таа ги следи и денес.