Ума Турман имала 18, тој 30 години: Славниот актер бил нејзината прва љубов, но бракот со него го нарекла грешка

Кармин

18/06/2025

14:00

689

Големина на фонт

а а а

Двајцата актери биле во брак две години, а од оваа гледна точка и двајцата се согласни дека тоа никогаш не требало да се случи.

Не е необично меѓу колегите да се роди љубов затоа што „сличниот на сличен му се радува“.

Делејќи исти интереси и ставови, симпатиите се раѓаат. Така било и со актерката Ума Турман која некогаш одамна била во брак со познатиот холивудски актер.

Постојат бројни верзии од приказната како се запознале. Според некои наводи на медиумите, Шон Пен ја запознал Ума Турман со Гери Олдман додека тие двајца снимале филм во 1989 година.

Според една верзија, актерката излегувала со режисерот на познатиот филм, па Олдман го запознала на сетот. Постојат некои приказни дека Ума и Гери се запознале во Лондон.


Како и да е, режисерот Фил Жоан за магазинот „Filmmaker“ изјавил дека Олдман и Турман се забавувале додека го снимале филмот „State of Grace“ и дека се венчале веднаш после филмот во 1990 година.

Ума Турман во една прилика за магазинот „Vanity Fair“ изјавила дека тогаш 30-годишниот Олдман го запознала кога имала 18 години.

Љубовта набрзо се родила и тие се венчале во 1990 година, истата година кога тој се развел од својата прва сопруга Лесли Менвил.

Нивната врска актерите не ја експонирале претерано и не се појавувале заедно на црвениот тепих, освен кога станувало збор за деловни прилики.

И двајцата биле лути поради цената на славата која ја плаќаат познатите личности.

„Сега поради интернетот и сето тоа, луѓето само одат во таа проклета мртовечница, ја отвораат фиоката и пишуваат Ума Турман и некогашниот сопруг Гери...“, се пошегувал актерот во една прилика и додал:

„Толку сум уморен од тоа. Понекогаш сонувам за тоа да кажам, сето тоа е измислено“.

Колку што брзо се родила љубовта меѓу нив, толку брзо се згаснала.


За помалку од две години од венчавката, Ума и Гери се развеле. Секој тргнал по својот пат, а актерите се согласни дека нивната врска и брак било грешка.

Ума во 1996 година изјавила дека бракот бил грешка, истакнувајќи дека нејзиниот поранешен сопруг е навистина прекрасен актер.

„Се запознавме кога имав 18 години. Тој беше 12 години постар. Тоа беше луда љубовна врска која заврши како што требаше. Тој беше мојата прва љубов. Немав претходно искуство“, изјавила актерката.

Гери којшто се женел пет пати, изјавил дека врските се многу тешки. Тој за „Playboy“ се пошегувал дека еден од спомнатите бракови бил на пет минути, веројатно алудирајќи на неговата врска со Турман која била најкратка од сите.

„Не мислам дека тоа на било кој од нас нешто му значеше“, изјавил актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk