[ФОТО] Да, Меланија Трамп е најдобро облечената жена во светот и повторно го докажа тоа

Точка

16/06/2025

16:09

631

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп ги воодушеви присутните со своето модно издание за време на воената парада по повод 250-годишнината од основањето на американската армија и 79-тиот роденден на Трамп.

Според модните експерти, за неа не постојат „опасни комбинации и таа секогаш знае како да ја презентира комбинацијата на вистинскиот начин“, а со нејзината елеганција привлекува внимание на многу настани.



За воената парада, Меланија се одлучи за бело сако и долго здолниште со тенки пруги дизајнирани од Адам Липес, а неговите креации ги носела и за време на инаугурацијата во 2017 година.



Наместо класични црни салонки, Меланија за овој настан избра светлосини салонки од Кристијан Лобутин.



Со својот сопруг Доналд, Меланија го привлече вниманието со својата елеганција и самодоверба, а комбинацијата ја надополни со едноставна шминка и фризура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk