Зошто децата прво изговараат „тато“ отколку „мама“? Причината е и тоа како логична

Точка

11/06/2025

11:33

767

Големина на фонт

а а а

Мајките се тие кои вообичаено поминуваат најмногу време со своите малечки, особено кај нас каде породилното отсуство трае 9 месеци, а во тој период главно бебето и мајката се постојано заедно.

Во состав со тоа, очекувано е „мама“ да биде првиот збор којшто ќе го изговори детето, зарем не?

Дали бебето прво изговара „мама“ или „тато“?

Бебињата почесто прво ќе изговорат „тато“ отколку „мама“. Но, тоа не значи дека бебето го фаворизира таткото и го става пред мајката. Бебето често е исклучително поврзано со мајката, поради тоа што тие се примарните негувателки речиси секогаш. Поради тоа што во тоа опкружување бебето често ќе слушне како мајката изговара „тато“, логично е тоа да му биде поблиско за изговарање.

Зборот „тата“ исто така е поблиску до бебето за изговор заради положбата на усните додека го изговара. Кога мируваат и усните не им изговараат ништо, бебињата природно ќе изговорат „тата“, а уште повеќе „дада“, додека пак „мама“ бара поразлична положба на усните. Често тие зборови можат да бидат изговорени и без никаква цел и идеја за тоа што значат.

Како да го поттикнете бебето да каже „мама“

Логопедот Стефани Коен има совети на својот профил на Инстаграм, како да го „натерате“ бебето да каже „мама“.

„Додека пиете кажете „мммм“ или испраќајте му бакнежи на бебето“, изјавила Коен во видеото.

„Бебињата ги сакаат тие звучни игри. Исто така добро е тоа да го правите пред огледало затоа што му помагате на бебето да ве набљудува, а потоа ги гледаат своите усни и се обидуваат да сфатат како да го направат тоа што го правите вие“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk