"YouTube" слави 20 години: Ова се 10-те најгледани видеа што никогаш нема да ги избришете од главата

Точка

23/04/2025

21:49

4.522

Големина на фонт

а а а

Оваа недела се одбележува 20-годишнината од објавувањето на првото видео на "YouTube". Станува збор за снимката "Me at the Zoo", која ја сними еден од коосновачите на платформата – Џавед Карим. Видеото трае само 19 секунди и е попознато по својот историски момент отколку по содржината (Карим вели дека „слоновите имаат навистина долги сурли“ – и тука завршува содржинскиот дел), но досега има собрано 355 милиони прегледи.

Карим одамна се повлече од платформата што ја основа заедно со Стив Чен и Чад Херли, а денес "YouTube" е под водство на "Google". Веројатно ниеден од тројцата не можел да замисли дека нивната креација за две децении ќе прерасне во глобален феномен. Според податоците на "The Social Shepherd", платформата денес има 2,5 милијарди активни корисници месечно, а секоја минута се поставуваат дури 500 часа видеоматеријали.

Од "Baby Shark" до "Despacito"

Секако, не секое видео станува хит, но оние што го постигнуваат тоа – собираат милијарди прегледи. На врвот на листата е детската песничка "Baby Shark Dance" со неверојатни 15,65 милијарди прегледи. Интересно е што во топ 10 најгледани видеа на "YouTube" се најдоа дури пет детски песнички.

Но таму се и светски музички хитови, како "Despacito", кој е на второто место со 8,66 милијарди прегледи, како и песна од Ед Ширан и легендарниот "Gangnam Style".

Кој од овие хитови најмногу ве нервира?