Археолозите во Швајцарија ги прекројуваат мапите на Римското Царство: Сушата довела до откривање древни урнатини

Точка

29/09/2026

20:04

562

Големина на фонт

а а а

Археолозите ги исцртуваат новите мапи на Римското Царство на територијата на Швајцарија, откако траги од древни урнатини се појавиле поради сушата ова лето, кое беше најтоплото во историјата на мерењата во земјата.

Археолозите во швајцарскиот кантон Во користеле дрон за секојдневно снимање на полињата околу Авентикум, а снимките откриле траги од термални бањи, куќи, патишта и можен храм за кои претходно не се знаело, пренесе „Ројтерс“.


Археологот Џордан Анастасов рекол дека станува збор за најзначајните откритија во последните 50 години.


Некои од трагите забележани од јуни до август исчезнале по косењето на тревата и падот на температурите, но контурите на новооткриениот базен во термалните бањи сè уште се видливи на делумно исушеното поле.



На ова место некогаш се наоѓала престолнината на римска Хелвеција, основана пред околу 2.000 години, откако Јулиј Цезар ги поразил локалните племиња.

Фото: Ројтерс