Чувството на огорченост им е познато на сите. Може да се појави во партнерствата, на работа, но и во односите меѓу родителите и децата. Според д-р Џин Бересин, огорченоста кај децата се јавува кога се чувствуваат неправедно третирани, а со текот на времето тоа може да ја наруши нивната доверба и односот со родителите.
Во продолжените кои родителските навики можат да поттикнат огорченост и како да ги замените со поздрави пристапи.
На децата им треба структура и предвидливост. Кога родителите понекогаш се премногу опуштени, а понекогаш претерано строги, децата стануваат збунети и несигурни. „На децата им е потребна структура и доследност, исто како и во училиште“, вели д-р Џин Бересин. Клучот е доследно да се применуваат правилата и последиците.
Заборавање на ветувањето, дури иако причината е оправдана, може да предизвика разочарување кај децата. Психологот Кенеиша Синклер-Мекбрајд советува: „Признајте ја грешката, изразете разбирање и понудете нов план“.
Родителите често ги пренесуваат сопствените неостварени соништа на своите деца, верувајќи дека тоа го прават од љубов. Меѓутоа, децата тогаш може да почувствуваат дека не се доволно добри ако не ги следат истите цели. Поддржете ја нивната уникатност и интереси.
„Никој не сака некој постојано да го следи“, вели д-р Џин Бересин. Родителите кои се обидуваат да имаат целосна контрола врз училиштето, друштвото и дигиталниот живот на своето дете всушност ја поткопуваат довербата и независноста. На децата им треба можност да прават грешки и да учат од нив. Наместо постојан надзор, обезбедете структура и бидете таму кога ќе имаат потреба од вас.
Кога детето изразува незадоволство, родителите често реагираат со сопствена фрустрација. Психологот Ен-Луиз Локхарт „HuffPos“ изјави дека тоа може да доведе до чувство дека емоциите на детето не се важни. Наместо тоа, признајте ги чувствата на вашето дете, покажете разбирање и изразете благодарност за заедничките моменти.
Дури и кога тоа не е намерно, децата можат да почувствуваат дека братот или сестрата е привилегиран/а. Важно е редовно да разговарате со децата и да ја слушате нивната перспектива. Ако забележите промени во однесувањето – љубомора, пркос или повлекување – отворено прашајте што ги мачи и поминувајте повеќе време насамо со нив.
Родителите понекогаш претпоставуваат дека знаат што се случува со нивното дете без да прашаат. Но, децата сакаат да бидат видени и слушнати. Поставувајте прашања за нивните интереси, училиште, чувства. Бидете ментално и емоционално присутни, без осуда и заклучоци.
„Родителите грешат и тоа е нормално“, вели др. Бересин. Но, неизвинувањето им испраќа порака на децата дека нивните емоции не се важни. Признајте ги грешките, покажете жалење и објаснете дека следниот пат ќе постапите подобро. Со тоа ги учите децата на одговорност и чесност.