Кралицата Летиција има 52 години, но многумина би ѝ дале барем 10 години помалку. Таа е позната по својот беспрекорен стил, но и по здравата коса, негуваната кожа и витката линија и – најсовршениот струк.
Нема сомнеж дека покрај генетиката, кралицата Летиција многу работела и на себе, а една од клучните работи секако е исхраната, но и физичката активност. Некои претходно ја критикуваа дека е премногу слаба. Но, поранешната новинарка, која му се придружи на кралското семејство во 2004 година кога се омажила за принцот Фелипе, говорела дека има здрав однос со храната.
„Немам никакви проблеми, јадам многу. Таква е мојата градба“, изјавила Летиција претходно.
Иако по нејзините зборови би се помислило дека сè ѝ паднало од небо кога е во прашање фит изгледот, не е така. Како и дека витката линија се должи единствено на начинот на исхрана. Голема заслуга за ова имаат и тренинзите. Нејзиниот поранешен тренер открил и кои вежби се омилени на кралицата.
„Кралицата вежба со тегови секој втор ден. Тоа секогаш им го препорачува на другите“, изјавил тој.
„Летиција комбинира вежби за бицепс и рамена, како и екстензии за трицепс. На крај, сето тоа го завршува со возење велосипед, и со музика за да согорува повеќе калории“, открил тој. Покрај тоа, таа сака јога и зумба.
Летиција наводно ја користи диетата Перикон, која ја комбинира со медитеранската исхрана. Инаку, диетата Перикон е именувана по дерматологот и нутриционист д-р Николас Периконе, а нејзината суштина е поврзаноста помеѓу исхраната и негата на кожата. Храната што ја препорачува е богата со антиоксиданти и има антиинфламаторно дејство, а главната цел е намалување на оксидативниот стрес како еден од факторите на предвремено стареење и поврзан со бројни болести.
Таа строго ја следи и диетата Периконе и тоа е причината што никаде нема ни трошка сало, а стомакот ѝ е рамен како на гимнастичарка. Диетата на Перикон бара редовно да се јаде два вида храна: свежа риба и зеленчук богат со железо. Кралицата се труди нејзината исхрана да биде богата со протеини и затоа секое утро јаде омлет од три јајца, а за ручек има печена риба со салата.
Периконе диетата трае 28 дена и е режим кој се фокусира на краткорочни, а не на долгорочни ефекти бидејќи е прилично рестриктивен. Пред да започнете со оваа или која било друга диета, консултирајте се со вашиот лекар.
Ова се правилата на диетата Периконе:
1. Јадете храна богата со антиоксиданти: боровинки, темно чоколадо, зелен чај, куркума …
2. Јадете храна со антиинфламаторно дејство: зелен лиснат зеленчук, шарено овошје и зеленчук, маслиново масло, масна риба, семки …
3. Јадете висококвалитетни протеини од посни извори: риба, јајца, живина …
4. Јадете здрави масти: јаткасти плодови, семки, авокадо, маслиново масло …
5. Едно од правилата на Перикон диетата е да се земе предвид гликемискиот индекс на храната, како и пет оброци дневно (појадок, ужина, ручек, ужина, вечера).
6. Тренингот е исто така задолжителен и треба да трае најмалку 20 минути.
Список на забранети намирници на диетата Периконе: леб, тестенини, ориз, путер, пченка, алкохол, маргарин, компири, шеќер, кафе, црвено месо, банани, тиква, лубеница, моркови
Појадок: омлет од три јајца (идеално белка), парче лосос
Ужина: две коцки темно чоколадо
Ручек: запечен грав, печена мисирка, домати
Ужина: грст боровинки
Вечера: печен лосос со мајчина душица и кора од лимон.