[ФОТО/ВИДЕО] Жена од 70 години си изградила совршена мала куќа, наместо во старечки дом живее таму: Светот се восхитува на ова ремек-дело

Кармин

07/04/2025

12:24

1.328

Големина на фонт

а а а

Филипа живее во Нов Зеланд и откако проживеела прилично богат живот и постигнала многу, одлучила да си изгради совршена куќа во која ќе ужива во староста.

Нејзината куќа е заоблена, без остри рабови, со многу прозорци и светларници, опремена со мебел во бела боја и дрво, во идилично опкружување, совршена природа.

Топлина и удобност е она што оддишува овој дом.


„Оваа куќа пее на мојата душа“, вели Филипа, која сега живее совршено мирно во куќата која сама ја дизајнирала и изградила со помош на архитекти.

Секој прозорец, секое парче мебел е специјално дизајнирано, а најдоброто нешто во сето тоа е што оваа куќа е мала, таман за една постара дама.

„Чекав 70 години за да ја изградам оваа куќа и испадна токму онака како што сонував дека ќе биде“, вели Филипа додека го покажува својот дом.

Погледнете како изгледа секоја соба во оваа куќа во нашата галерија:










Можеби куќата што ја изградила е мала, но плацот на која се наоѓа е огромен. Сè е во дрвја и трева, па Филипа ги поминува деновите шетајќи по својот имот боса. Одгледува мала градина, ужива во животот со поглед на природата, додека нејзиниот плац е доволно далеку од градот за да може да стигне таму кога и да ѝ треба.

„Куќата ми е доволна, а има место и кога ќе дојдат внуците“, вели Филипа, која на 70-годишна возраст го направила животот онака како што отсекогаш посакувала, во куќа за која сиот живот сонувала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk