Роналдо постигна ист број на голови до и по 30. роденден

Макфакс

08/03/2025

13:04

1.196

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо постигна уште еден гол. Вкупно 926 во неговата богата фудбалска кариера, што уште повеќе го доближи до магичната бројка од 1.000 постигнати голови во кариерата.

Ако продолжи во ова темпо, нема никаква дилема дека Португалецот ќе ја оствари својата цел. Но, она што е неверојатно е неговата ефикасност откако наполни 30 години.

Од овие 926 гола, Роналдо постигна точно половина, 463 гола, откако го прослави 30. роденден. Во последните 10 години од својот живот, тој постигна ист број на голови како и во претходните 13, откако дебитираше за Спортинг Лисабон во 2002 година.