„Против Хелиф немаш шанси, удира како маж“

Точка

07/03/2025

18:35

2.349

Големина на фонт

а а а

Српската боксерка Николина Гајиќ го опиша своето искуство по мечот со познатата Алжирка Иман Хелиф.

Хелиф стана централна фигура во јавноста за време на Олимписките игри во Париз, каде што освои златен медал, но многумина го доведуваа во прашање нејзиниот успех поради фактот дека има машки хромозоми.


Тежок меч во Лозница

Николина се соочи со Хелиф на турнирот „Златна ракавица“, кој се одржа во Лозница.

Алжирката беше подобра во финалето, а српската боксерка откри како се чувствувала по мечот:

„Се опоравував меѓу седум и десет дена. Ме болеа носот, челото, главата – сè. Му реков на судијата да го прекине мечот по првото броење. Тој ми рече да се потрудам уште малку. Ми даде шанса, но брзо сфативме дека ја немам. Иман удираше како маж.“


"Мечот траеше само минута"

Гајиќ детално го опиша своето искуство против Хелиф:

„Дадов сè од себе, живеев за 'Златна ракавица', прочуениот меѓународен турнир. А потоа влегов во рингот и видов кој ми е противник. Трауматично искуство. Тој меч едвај траеше една минута, заврши пред да почне. Иман беше најсилната жена во категоријата до 63 килограми. Да ја ставеа во било која категорија, ќе победеше. Дури и кај мажите.“