Ето на суд го доби спорот против Африканската фудбалска конфедерација

Макфакс

07/03/2025

15:37

1.693

Големина на фонт

а а а

Судот за спортска арбитража (CAS) и нареди на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) да ја прифати кандидатурата на претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, за позиција во нејзиниот извршен комитет.

„CAS ја прифаќа жалбата на Самуел Ето и му наредува на CAF да го вклучи неговото име на листата на кандидати“, се вели во соопштението за печатот на судот со седиште во Лозана.

CAF, во јануари ја отфрли кандидатурата на претседателот на Фудбалската федерација на Камерун за избор на членови на Извршниот комитет на вонредното генерално собрание што ќе се одржи на 12. март.

Ето, кој исто така е во конфликт со камерунското Министерство за спорт, ја обжали оваа одлука.

Според извори на агенцијата Франс прес, поранешниот напаѓач на Барселона се стреми кон позицијата потпретседател на CAF, која во моментов ја извршува поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Сејду Мбомбо Њоја.