Ученичка од средното училиште Норком ја одбележа училишната атлетска трка во Вирџинија откако со штафетна палка ја удри атлетичарката Кејлен Такер, ученичка на средното училиште Бруквил.
Светот е згрозен од видеото што брзо се прошири низ медиумите. Тинејџерката Кејлен Такер, додека трчаше во финалната трка на 4×200 метри, беше удрена со штафетната палка во задниот дел од главата. Инцидентот се случи додека Такер ја престигнуваше својата ривалка од Норком, која ја удри додека двете се натпреваруваа на надворешниот дел од патеката.
Можни сериозни повреди
Светските медиуми пренесуваат дека постои можност Такер да има сериозни повреди на главата. По ударот, таа изгуби рамнотежа, се фати за главата, излезе од патеката и падна.
Судиите веднаш ја дисквалификуваа штафетната екипа на Норком поради „контакт интерференција“.
Такер веднаш добила медицинска помош поради потрес на мозокот и сомнеж за фрактура на черепот.