Реал Мадрид реши да ги испрати на позајмица Арда Гулер и Ендрик. Шпанскиот весник „El Desmarque“, тврди дека двајцата счедната сезона ќе играат во Бундес лигата.
Неспорно е дека Гулер и Ендрик се големи талент, меѓутоа во ниту еден момент не успеаја да се наметнат во системот на Карло Анелоти. Јасно е дека влијание има и конкуренцијата во тимот на Реал.
Поради огромната конкуренција трпи развојот на овие двајца млади фудбалери, клубот реши да ги испрати во клуб каде што ќе имаат повеќе можности за докажување.
Најпосакувана дестинација за двата фудбалски дијаманти е Лајпциг, челниците на Реал ја гледаат германската Бундес лига како идеална средина за нив.
Ендрик оваа сезона одигра 27 натпревари во белиот дрес, постигна шест гола и забележа две асистенции.
Од друга страна, Гулер постигна три гола и запиша шест асистенции на 29 натпревари.