[ВИДЕО] Таткото на Илон Маск јавно го искритикува синот: „Ќе ме убие поради ова што го кажувам“

Точка

19/02/2025

16:12

1.635

Големина на фонт

а а а

Ерол Маск, таткото на Илон Маск, јавно го искритикува својот син и неговите родителски вештини за време на неговото гостување во поткастот „Wide Awake“, само два дена пред објавата на писателката Ешли Сент Клер дека му родила дете на Илон.

„Илон ќе ме застрела поради ова што го кажувам“

„Тој не беше добар татко. Првото дете помина премногу време со дадилките и почина додека беше под нивна грижа“, рече Ерол, мислејќи на Невада, синот на Илон кој го доби со поранешната сопруга Џастин Вилсон. Невада почина во 2002 година на возраст од 10 недели.

„Илон ќе ме убие поради она што го кажувам, но тоа е она што јас го мислам. Тоа не е добро. Тие беа премногу богати, премногу дадилки“, додаде Ерол, и истакна дека децата на Илон и Џастин – близнаците Грифин и Вивијан и тројките Каи, Саксон и Демијан – сите засебно имале свои дадилки.

Интервјуто стана вирално

„Кога се разделија, имаше шест дадилки од оваа и шест од онаа страна. Многу чудна ситуација“, нагласи Ерол. На прашањето на водителот дали тоа значи дека Илон не поминувал доволно време со своите деца, тој одговорил потврдно.

Клипот од интервјуто брзо стана вирален на социјалните мрежи, при што многумина ги осудија изјавите на Ерол, посочувајќи го неговото контроверзно однесување, вклучувајќи го и фактот дека тој добил дете со својата поранешна поќерка Јана Безуиденхаут. „Лошите татковци можат да забележат лоши татковци“, беше еден од коментарите.

Покрај децата со Џастин Вилсон, Илон има и други деца – синовите X AE A-XII и Техно како и ќерката Екса – со неговата поранешна партнерка Грајмс, но и близнаците Страјдер и Азур и уште едно дете со Шивон Зилис.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk