Фудбалската легенда Синиша Михајловиќ зад себе ги оставил петте деца со сопругата Аријана, како и вонбрачниот син Марко, кого јавноста никогаш не го видела.
Марко е роден 1993 година, а за неговата мајка Синиша никогаш не говорел. Само еднаш споменал како му зборувала за детето и го опишала малиот како стои пред телевизорот и хипнотизирано го гледал татко му како игра фудбал.
Планот на Синиша бил да се сретне со Марко дури откако тој ќе порасне. Фудбалерот го објаснил ова како желба со него тогаш да започне да гради цврст однос, ослободен од недоразбирањата кои произлегуваат од незрелите, младешки постапки. Истовремено, тој го признал татковството и ја презел обврската да го издржува и воспитува.
„Марко живее со мајка му во Милано. Од моментот кога е роден го има моето презиме, добива алиментација, има сопствено осигурување. Сега наполни 18 години и во книшката има 500.000 евра кои ги уплаќав секоја месец, се гледаме, сè е во ред“, изјавил Михајловиќ во интервју за „Спортска телевизија“ од Сплит.
Аријана, која го освоила на прв поглед, влијаела на Миха и тој одлучил многу порано да го запознае својот првороден син. Момчето имало 8 години кога Синиша се договорил со мајката на Марко да го сретне синот на аеродром.
„Потрчавме еден кон друг и поминавме неколку минути во прегратка. Му ветив дека следниот ден ќе постигнам гол на натпреварот против Бреша, кој ќе му го посветам нему. Така и беше. Кога со широка насмевка извика: „Тато, го исполни ветувањето“, сакав да пукнам од среќа“, изјавил во една прилика фудбалскиот ас.
Сепак, не секогаш се одржувал хармоничен однос меѓу нив. Миха во интервју за италијанските медиуми изјавил дека цела година не се слушнале.
Го замолив да преземе поголема одговорност“, зборувал тогаш, прилично мистериозно. Никогаш не кажал што точно го обвинува Марко, кој тогаш имал 27 години. Нагласил дека синот му се јавил на телефон, но дека не сакал да одговори на неговите повици.
Ќе му се јавам кога ќе бидам подготвен“, кратко изјавил Синиша во своето интервју. „Кога некој ќе ме разочара, ми треба време.
Марко бил покрај Аријана и другите деца на Синиша на погребот на нивниот татко.