[ФОТО/ВИДЕО] Родителите на удар на критики – имаат 200 змии во куќата: „Мојата ќерка спие со 18 во соба“

Точка

03/01/2025

12:22

2.201

Големина на фонт

а а а

Сократис и неговата сопруга Џејн Кристофору им дозволиле на нивните две малолетни деца – Аријана и Максимус да имаат дури 200 змии во нивната куќа во Флорида, поради што се најдоа на удар на критики.

Родителите открија дека ѝ дозволуваат на нивната ќерка да спие во иста просторија со 18 змии и тврдат дека е сосема безбедна. Всушност, Аријана имала само една година кога првпат држела една од домашните змии и вели дека рептилите се „толку убави и слатки“.


Самиот Сократис од мали нозе имал контакт со змии, а првата жива змија ја фатил кога имал само шест години. Сепак, неговите родители го предупредиле дека змиите се опасни, па затоа се плашел од нив.

Меѓутоа, подоцна во зрелоста развил љубов кон змиите откако еден негов пријател ги чувал како домашни миленици.

„Она што започна како мој страв, всушност стана мојата страст“, рече Сократис.

Неконвенционален начин на воспитување

Тој исто така објасни дека тој и неговата сопруга ги воспитуваат децата на „неконвенционален начин“.

„Јас всушност им давам на децата опции и избори, наместо да им кажувам што да прават“, рече тој.


За разлика од многу сопственици на рептили, Сократис и неговото семејство не ги чуваат своите змии во кутии, туку ги оставаат да шетаат по куќата и да се лазат по телата на нивните деца.

Џејн изјави дека кога гостите ќе им дојдат дома веднаш се вџашуваат, но полесно им е кога ќе сфатат дека змиите се безопасни.

„Луѓето мислат дека змиите се злобни и лигави, но не се“, вели малата Аријана, која чува 18 змии како домашни миленици, а тие дури и спијат со неа в кревет.

Сепак, нејзиниот помлад брат Максимус сè уште се навикнува на змиите. На почетокот воопшто не ги сакал.

„Никогаш не го принудуваме на ништо“, рече Сократис.


Џејн вели дека смета оти дружењето со змиите е сосема безбедно за нејзините деца.

Меѓутоа, Сократис објаснува:

„Не гарантирам дека е безбедно бидејќи тие се диви животни и можат да каснат. Но, јас немам змија која може да ги изеде моите деца“.

Сократис додал дека сака отровни змии, но дека никогаш не би ги пуштил да се шетаат низ куќата заради безбедноста на неговите деца.

„Имам отровна змија, но имам и брава на вратата“, рече тој.

Инаку Аријана неколку пати ја каснале змии, но вели дека ниту една не плачела поради тоа.

Луѓето се шокираа

Овој татко потрошил повеќе од 288.725 евра на змии, а многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека таткото треба да биде ставен во затвор затоа што чувал змии во семејниот дом.


Исто така, го обвинија дека не е добар татко, но нему не му е грижа за тоа.

„Безбедноста на моите деца е мојот прв приоритет, никогаш не би ги изложил на опасност“, заклучи тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk