Анксиозноста кај децата може да се манифестира на различни начини, често преку зборови и однесувања кои родителите можеби нема веднаш да ги препознаат како знаци на анксиозност.
Разбирањето на овие знаци е клучно за пружање поддршка на децата во справувањето со нивните чувства и грижи. Едукаторката за воспитување, мајка и психолог, Џејми Блох, неодамна на својот Инстаграм профил сподели осум фрази кои децата често ги користат кога се чувствуваат анксиозно.
1. „Не сакам да одам“.
2. „Остави ме на мир.
3. „Поставување многу прашања – на пр. „што, каде и како“.
4. „Се чувствувам лошо.
5. „Не можам да го направам тоа.
6. „Ќе задоцнам/не сакам да доцнам“.
7. „Сите ќе ми се смеат.
8. „Можеш ли да останеш со мене?
„Дајте им на децата смирени и концизни одговори, но избегнувајте претерано уверување. Давањето премногу сигурност или постојано одговарање на нивните грижи може да ја зголеми анксиозноста, затоа нежно насочувајте ги кон сегашниот момент. Научете ги на техники за смирување, како длабоко дишење, за да им помогнете полесно да се справат со грижите за работите кои не можат да ги контролираат“, заклучува Блох.