Направете ги празниците повесели со овие прекрасни новогодишни колачиња. Мирисот на топли зачини ќе внесе празнична магија во вашиот дом.
Состојки:
• 120 г свинска маст
• 160 г мед
• 350 г обично брашно
• 100 г шеќер во прав
• 5 г прашок за пециво
• 1 јајце
• Зачини: цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче, анасон, бурбон ванилин шеќер
За украсување:
• 1 белка од јајце
• Околу 200 г шеќер во прав
• Неколку капки лимон
• Боја за храна по желба
Подготовка:
1. Подготовка на тестото:
o Во тава истурете ја маста и додадете го медот. Загревајте на тивок оган додека мешате, внимавајќи смесата да не зоврие.
o Во голем сад, просејте го брашното, додајте шеќер во прав, прашок за пециво, и зачини.
o Додадете го изматеното јајце и растопената смеса со маст и мед. Добро замесете тесто.
o Завиткајте го тестото со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 2-3 часа или преку ноќ.
2. Формирање и печење:
o Расукајте го тестото на набрашнета површина. Со калапи исечете колачиња во форми по желба.
o Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете на 180°C околу 8 минути.
За украсување:
1. Белката матете ја до пенеста структура, потоа постепено додавајте шеќер во прав. Внимавајте да не ја матите премногу.
2. Додадете неколку капки лимон. Ако сакате обоени украси, додајте боја за храна и добро измешајте.
3. Ставете ја смесата во кеса за украсување или кеса за замрзнување со отсечен врв. Ако не ја користите веднаш, покријте ја со фолија за да не се исуши.
4. Украсете ги колачињата по желба и оставете ги да се исушат пред сервирање.