[ФОТО] Овие модни изданија ја одбележаа 2024 година: Фустан од песок, движечки пеперутки и роботски костум

Точка

02/01/2025

12:09

1.679

Големина на фонт

а а а

Бројни познати дами имаа впечатливи модни изданија во текот на 2024 година, а меѓу оние кои оставија впечаток беа Зендаја, Рита Ора, Дуа Липа и Џенифер Лопез.

Заедно со Мет Гала наречена Оскар на модата, бројните филмски премиери и црвените килими на филмските фестивали како оние во Кан и Венеција беа заднина за некои од најдобрите комбинации кои ги видовме изминатата година.

Кога станува збор за познатите дами кои доминираа на модната сцена, тука е Зендаја која го привлече вниманието со своите изданија на прес-турнејата за продолжението на филмот „Dune“.


Со помош на нејзиниот стилист Ло Роуч, таа го привлекуваше вниманието со необични креации како што беше роботскиот костум на Тиери Муглер, потоа фустанот на Роберто Кавали од колекцијата пролет/лето 2011 година и комбинацијата на Луј Витон од модната недела во Париз.


Благодарение на трудот кој го вложува во секое јавно појавување и стилистот Ло Роуч, таа стана своевидна модна икона, а покрај изданијата од прес-турнејата за „Dune II“, младата актерка привлече внимание и при претставувањето на филмот „Challengers “.

Меѓу актерките кои минатата година блеснаа во одбраните модни комбинации беа и Синтија Ериво и Аријана Гранде на прес-турнејата за филмот „Wicked“.


Џенифер Лопез е вечна модна икона, а почнувајќи од гламурозните изданија од нејзината кујна и фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, 55-годишната пејачка за Мет Гала носеше „Скиапарели“ фустан со 2,5 милиони бисери, а вниманието го привлече и во уште една невообичаена комбинација од истиот бренд на модната недела во Париз.


Меѓутоа еден од највпечатливите фустани од Мет Гала беше оној кој го носеше пејачката Тајла. Имено таа носеше креација од песок во која едвај се движеше, а мораа да ја носат по скалите.


Индиската претприемачка Мона Пател предизвика „лудило“ на социјалните мрежи, каде корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан дизајниран од Ајрис ван Херпен и се прашуваа која е всушност таа. На многумина непознатата претприемача восхити со фустанот кој ја следеше формата на нејзиното тело, а од страните имаше сошиени пеперутки, корсет, како и проѕирни детали од тантела.


Златните украси во вид на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи, со оглед на тоа што крилјата механички се движеа сами по себе.

Меѓутоа Рита Ора минатата година беше кралица на проѕирните комбинации, а во повеќе наврати избра фустани и комбинезони со проѕирни детали кои ги истакнуваа нејзините совршени стомачни мускули.


Од друга страна Ким Кардашијан секогаш привлекува внимание каде и да се појави, а така беше и минатата година која ја одбележаа различни модни изданија - почнувајќи од фустан со длабоко деколте и круна, која ги разбесни верниците, а особено впечатлива беше и сребрената креација на дизајнерот Џон Галијано, која ја истакна нејзината неверојатно тесна половина.


Кога станува збор за претходната година - една боја ја одбележа сезоната есен/зима, а тоа е бордо нијансата, а ја носеа бројни познати личности како Кејт Мидлтон, Зендаја, Џенифер Лопез и Софија Вергара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk