[ФОТО/ВИДЕО] Мајката Србинка, а бабата Софија Лорен: Убавицата од престижниот бал ги маѓепса сите во Париз

Точка

04/12/2024

14:39

8.770

Големина на фонт

а а а

Осумнаесет годишната Лучија Понти, привлече големо внимание на балот во Париз, како со нејзината убавина така и со фустанот кој го носеше.

Минатиот викенд се одржа престижниот бал „Le Bal des Débutantes“, традиционалниот настан во Париз кој ги собира кралските семејства, општествената елита и познатите ѕвезди, а воедно претставува одлична можност децата на познатите личности да се претстават пред светот.

Помеѓу младите кои привлекоа големо внимание беше и 18-годишната Лучија Софија Понти, правнука на познатиот италијански дизајнер Џио Понти.


Таа e родена во познато семејство, a татко и е италијанскиот режисер Едоардо Понти, синот на славната Софија Лорен и продуцентот Карло Понти. Нејзината мајка е Саша Александар, чие вистинско име е Сузана Дробњаковиќ, а има и брат Леонард.

Ова беше нејзино прво појавување на овој престижен бал, а на елитниот настан кој го привлече вниманието на луѓето ширум светот, таа се појави во фустан со потпис на Џорџо Армани.


Внука на познатата Софија Лорен

Бабата на Лусија е Софија Лорен, една од најубавите жени во светот која се стекна со слава во текот на шеесеттите години на минатиот век, а до ден денес е олицетворение на елеганцијата.


Затоа и не чуди што Лучија советите за модата и стилот ги добивала уште кога била мала, а истакнува дека таа и нејзината баба се многу блиски.

„Мојата баба секогаш веруваше во безвременската елеганција и важноста на облекување она кое го одразува твоето вистинско јас. Во текот на моето воспитување, таа ме научи на вредноста на едноставноста, квалитетното кроење и важноста од додавањето на допирот на автентичност во стајлингот“, изјави младата Лучија.


Лучија фустанот го одбрала сама по, како што вели, долгата потрага по нешто кое ќе ја прикаже во најдобро светло, и ќе направи да се чувствува самоуверено и удобно.


Нејзината мајка има српско потекло

Мајката на Лучија е родена во 1973 година во Лос Анџелес, а нејзиното родено име беше Сузана. Нејзините родители се со српско потекло, мајката Добрила потекнува од Белград, а таткото Драгиша од Чачак.


Завршила актерска академија и била најдобра студентка во својата генерација. Таа глумеше во бројни филмови, рамо до рамо со големите холивудски ѕвезди, како Џенифер Анистон, Скарлет Јохансон, Бен Афлек и други, а се појавувала во „Невозможна мисија“, „Пријатели“, „NCIS“ и други.


Судбината повторно ги спои

Таа се заљубила во сопругот на прв поглед, а се познаваат со децении. Ќерката Лучија ја добиле во 2006 година, а се венчаа во 2007 година. „Се познаваме уште од периодот кога татко ми работеше за Софија Лорен како кројач во Италија. Студиравме заедно, бевме добри пријатели, но дури години подоцна откривме дека чувствуваме нешто повеќе“, изјави Саша.


„Судбината ме спои со Едоардо по разводот. Додека ручав во ресторан, ми пријде еден млад човек и ме праша дали се сеќавам на него, а јас едвај го препознав“, раскажа мајката на Лучија.


„Секогаш ме воодушевува романтиката, онаа која се крие во едноставноста и моментите без зборови, кога сте во хармонија со себе и со другата личност. Среќата навистина ја прават малите нешта и затоа секогаш како мало дете му се радувам на букетот рози, со кој сопругот често знае да ме изненади, додаде таа.