[ФОТО] Донатела Версаче ги збуни обожавателите со новата фотографија: „Успеала да ги „поправи“ лошите операции?“

Точка

04/12/2024

10:17

1.681

Големина на фонт

а а а

Италијанската дизајнерка Донатела Версаче објави неколку фотографии од премиерата на мјузиклот „The Devil Wears Prada“, што предизвика расправа помеѓу корисниците на социјалните мрежи. Имено, таа објави фотографија на која нејзиното лице изгледа мазно и блескаво, а многумина коментираа дека конечно нашла добар пластичен хирург и „успеала да ги поправи лошите естетски зафати“.

Меѓутоа, набрзо се појавија и други фотографии од премиерата, па нејзините следбеници сфатија дека онаа фотографија која ја објавила на Инстаграм најверојатно е направена со фотошоп. „Која е сега вистинската Донатела?“, „Едвај сфатив кој е на фотографиите“, „Доколку ова е дело на пластичен хирург, тој е бог“, беа само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.


Таа започна со операции во 90-тите

Потсетуваме, Донатела низ годините правеше бројни естетски зафати кои ѝ го деформираа лицето и ја направија речиси непрепознатлива.


Инаку Донатела започна со операции во 90-тите години, а по смртта на нејзиниот брат, познатиот дизајнер Џани, во 1997 година, нејзиниот изглед почна да се менува и призна дека редовно користи ботокс. „Не верувам дека жената треба да биде потполно природна“, претходно изјави Донатела.


Нејзиниот изглед со текот на годините драстично се смени, а поради корекциите редовно се наоѓа на самиот врв на листата на ѕвезди кои претерале со естетските зафати.


Донатела беше во брак со манекенот Пол Бек од 1983 до 2000 година, а во 2004 година се омажи за Мануел Далори, и се разведе една година подоцна. Инаку има две деца, ќерката Алегра (38) и синот Даниел (34).