Леонардо Дикаприо, едно од најпознатите имиња во светот на Холивудот, се смета за еден од најдобрите актери во својата генерација. Кариерата ја започна како тинејџерски идол, но неговиот талент и посветеноста му го донесоа статусот на икона.
Од улогата на Џек во Титаник до Џордан Белфорт во „Волкот од Волстрит“, Дикаприо постојано имаше врвни изведби. Кариерата ја започна во серијата „Growing Pains“, а неговата улога во филмот „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година набргу го привлече вниманието на критичарите и публиката.
Истата година глумеше и во филмот „This Boy’s Life“, во кој сетот го споделуваше со легендарниот Роберт де Ниро. Зборувајќи за „Time Out“, Ди Каприо го опиша тоа искуството како еден од најважните моменти во неговата кариера: „Имав 15 години и се сеќавам на секој детаљ … Сè беше толку ново за мене“, вели Дикаприо. Тој особено го нагласи влијанието на Де Ниро: „Гледајќи го Роберт Де Ниро на сетот, гледајќи ја неговата посветеност, тоа беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“.
Иако Де Ниро имаше значително влијание врз неговата кариера, Дикаприо за „Esquire“ откри дека најголем впечаток му оставила легендарната Мерил Стрип, со која работеше на филмот „Marvin’s Room“ од 1996 година.
„Имав 18 години кога работев со Мерил. Гледајќи ја зад камерата, се прашував како ќе изгледа нејзината изведба на екранот. Но, кога го видов филмот подоцна во кино, си помислив: „О Боже, таа изгледа толку природно. Мерил е, без сомнение, најдобрата актерка на светот“, откри Дикаприо.
Нивната соработка продолжи во филмот „Don’t Look Up“, каде и двајцата се испробаа во нетипични улоги.
По соработката со големи режисери како Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе и Алехандро Гонзалес Ињариту, Дикаприо доби бројни номинации за Оскар низ годините.
Сепак, дури со улогата во филмот „The Revenant“ од 2015 година, тој конечно ја освои престижната награда, зацврстувајќи го својот статус на еден од најголемите актери на сите времиња.