Никој не „плукал“ по сопствената мајка како Еминем, ја обвинуваше за сите лоши нешта во животот: Кога веќе сфати дека претерал, таа почина од канцер

Точка

04/12/2024

13:09

1.598

Големина на фонт

а а а

Деби Нелсон, мајката на раперот Еминем, почина во понеделник од рак на белите дробови. Нелсон имаше 69 години, а подолго од една година беше тешко болна.

Раперот и неговата мајка долго време имаа затегнати односи откако раперот стана популарен пред повеќе од 25 години, но во меѓувреме се обидоа да го поправат односот.

Во текот на неговата рана кариера, Еминем јавно ја обвинуваше мајка му за занемарување и малтретирање, нарекувајќи ја „ладна ку*ка“ која му го уништила животот, често изнесувајќи ги нивните семејни проблеми во неговите песни како што е „Cleanin‘ Out My Closet“. Од друга страна во 1999 година Деби го тужеше Еминем за клевета, што дополнително го влоши нивниот однос, а во 2007 година таа ги напиша нејзините мемоари наречени „My Son Marshall, My Son Eminem“.

Меѓутоа со текот на времето, двајцата се обидоа да го поправат односот, а песната на Еминем „Headlights“ од 2013 година претставуваше пресвртница – во неа изјави жалење поради грубите зборови и се извини за нивниот напнат однос.

Нивниот повремен однос се подобри во последниве години, а Деби му честиташе на Еминем за неговото примање во Рокенрол Куќата на славните во 2022 година.


„Те сакам многу“. Знаев дека ќе завршиш таму. Тоа беше долго патување. Многу сум горда на тебе“, изјави тогаш Деби.