Хорор: Сестрата на познатата актерка го запалила поранешното момче и неговата пријателка

Точка

04/12/2024

13:43

2.753

Големина на фонт

а а а

Сестрата на американската актерка Наргис Факри, Алија Факри, обвинета е дека го запалила поранешното момче и неговата пријателка бидејќи тој не сакал да се помири со неа.

Алија Факри (43) од Квинс, сестрата на американската манекенка и актерка Наргис Факри, најпозната по улогата во блокбастер филмот „Шпион“, е обвинета за убиство од прв степен и намерно подметнување на смртоносен пожар во Квинс, Њујорк.

Факри е обвинета за убиство на поранешното момче Едвард Џејкобс (35) и Анастасија Етјен (33), соопшти окружната обвинителка Мелинда Кац.

„Таа извикуваше „Сите ќе умрете денес“, пред да ја запали куќата на нејзиното поранешно момче, по што го уби него и неговата пријателка“, соопшти обвинителката.

Според обвинението, Факри пристигнала до куќата на Џејкобс над гаражата околу 6:20 часот. Потоа, заканувајќи се дека сите ќе загинат, ја запалила гаражата.


„Етјен прва го почувствувала чадот и се обидела да го спаси Џејкобс, кој спиел на вториот кат од гаражата“, вели обвинителката. „За жал, гаражата и куќата беа зафатени од пламен и ниту Џејкобс ниту Етјен не можеле да избегаат“, додаде обвинителката.

Факри беше уапсена на 26 ноември, а следниот ден беше обвинета од поротата по четири точки: убиство од прв степен, убиство од втор степен, подметнување пожар од прв и втор степен, поради што ѝ се заканува доживотна казна затвор.


„Како што е наведено во обвинението, обвинетата со умисла ставила крај на животите на две лица со подметнување пожар, којшто мажот и жената ги заробил во пекол“, рече обвинителката и додаде: „Жртвите трагично починаа од вдишување чад и термички повреди. Им изразуваме сочувство на семејствата на Едвард Џејкобс и Анастасија Етјен додека го процесуираме овој случај“.



Инаку Џејкобс бил татко на три деца, а раскинал со Факри пред околу една година, изјави неговата мајка Џенет за „New York Post“.

„Тој многу јасно ѝ кажа дека не сака повеќе да биде со неа. Последнава година се обидуваше да ѝ објасни да го остави на мир, но таа не го прифати одбивањето“, изјави мајката на Џексон, додавајќи:

„Три деца останаа без својот татко, 11-годишните близнаци и деветгодишното момче“.


Се огласи и мајката на Факри, која за „New York Daily News“ изјави дека не верува оти нејзината ќерка има некаква врска со пожарот, велејќи: „Мислам дека таа не би убила никој. Таа беше личност која се грижеше за сите“.

Факри се наоѓа во Роуз М. Сингер центарот на островот Рикерс, каде што го чека нејзиното следно судење закажано за 9 декември.

Во меѓувреме се изјасни дека не е виновна по ниту една точка од обвинението, а актерката Нагрис Факри сè уште не се огласи.