Роналдињо ќе стане дедо: Неговиот син Жоао го чека првото дете

Точка

03/12/2024

13:02

1.321

Големина на фонт

а а а

Познатиот поранешен фудбалер Роналдињо (45) ќе стане дедо. Девојката на неговиот син Жоао Мендеш (19), кој минатиот август потпиша за англискиот фудбалски клуб Барнли, објави дека парот го очекува своето прво дете. 25-годишната Џована Бускацио, која живее со 19-годишниот Жоао во Манчестер, на социјалните мрежи објави дека веќе 16 недели е бремена.

Роналдињо не ја коментираше веста


Жоао е во врска со Џована повеќе од две години, а на социјалните мрежи често објавуваат фотографии од нивните авантури во Англија. Инаку Џована е сестра на актерката Гилија Бускацио.


Роналдињо, поранешната ѕвезда на Барселона и Милан, сè уште не ја коментирал веста дека ќе стане дедо.

Неговата мајка е поранешна танчарка

Жоао, кој моментално игра за У21 тимот на Барнли како десно крило, е единственото дете на Роналдињо. Неговата мајка е поранешната танчарка Јанаина Мендеш, која го запознала славниот фудбалер додека сè уште танцувала во популарното бразилско ТВ шоу „Domgao do Faustao“, а набргу потоа ја започнале врската.



Жоао Мендес имаше само 14 години кога го потпиша својот прв договор со Најк во мај 2019 година, а на потпишувањето присуствуваа и неговите горди родители. Инаку и Роналдињо беше заштитно лице на Најк кога ја освои титулата најдобар играч на светот во 2005 година.


На 13-годишна возраст, Жоао потпиша за бразилскиот Крузеиро, а потоа се пресели во Европа, каде што играше за У19 тимот на Барселона. Неговиот актуелен договор со Барнли истекува во јуни 2026 година.