Терапевтот вели: „Овие особини можат да откријат дека сте израснале со емоционално несозреани родители“

Точка

04/11/2024

15:47

692

Големина на фонт

а а а

Растењето со токсични или емоционално несозреани родители може да остави длабоки последици врз психолошкиот развој и емоционалното здравје на децата. Таквото окружување често остава трајни лузни, од тешкотии со самодовербата до проблеми во односите со другите. Затоа, одредени особини може да бидат одраз на обрасците на однесување кои децата ги научиле за да преживеат во непредвидлива и емоционално напорна средина, а нивното препознавање е првиот чекор кон исцелување и ослободување од нив.

На Инстаграм, терапевтот и советник Мика Стивенс потенцираше седум особини кои укажуваат дека личноста пораснала со токсични и емоционално несозреани родители.



Ниска самодоверба: „Можеби се борите со чувствата на сопствена несоодветност и често ги интернализирате негативните пораки кои сте ги примале како дете“, објаснува советникот.

Тешкотии во односите: Луѓето кои пораснале со токсични родители можат да имаат проблем со изградбата на здрави односи, често повторувајќи ги дисфункционалните обрасци или чувствувајќи недоверба кон другите.


Проблеми со емоционална регулација: Можни се тешкотии во управувањето со емоциите, што може да доведе до анксиозност, депресија или проблеми со гневот.

Страв од напуштање: „Доколку ве одгледувале емоционално несозреани родители, може да се соочувате со зголемен страв од отфрлање и напуштање, што може да влијае на вашата способност за поврзување со другите“, вели Стивенс.

Перфекционизам: Перфекционистичките тенденции можат да бидат форма на соочување, со верување дека совршенството ќе нè однесе до љубовта или прифаќањето.


Избегнување конфликти: Стравот од конфликт научен во детството може да доведе до избегнување конфликти во на повозрасни години, што често резултира со нерешени проблеми и чувства на огорченост.

Проблеми со поставување на граници: „Луѓето кои пораснале со токсични родители имаат тешкотии во поставувањето или почитувањето на личните граници, било да се претерано попустливи или премногу строги“, вели советникот.

Препознавањето на токсичните модели на родителство можат да биде првиот чекор кон заздравување и воспоставување на поздрави односи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk