Српската тиктокерка која на оваа социјалната мрежа се претставува со корисничкото име „@gdemevodis“, објави видео кое го снимила за време на нејзината неодамнешна посета на Јапонија. Нејзиното внимание го привлече модата во Токио, па поради тоа фотографираше неколку девојки во облека која веројатно би била особено невообичаена за луѓето од Балканот.
Жените во Јапонија често ги носат нивните традиционални носии. Тиктокерката, исто така, сними една девојка која носеше чевли со огромна платформа покриена со црвени рози. Таа снимила и жени облечени како гејши, со апостолки со предимензионирана платформа. Гејша е професионална хостеса и забавувач која е исклучително добро образована во различни уметнички сфери, особено јапонската традиционална уметност.
Тиктокерката во видеото објасни дека жените во Јапонија очигледно обожуваат принтови на облеката – здолништа со цреши, хулахопки со мали срциња, како и блузи со широки ракави. Некои носат чанти со принтови од панди, мечиња или мачки, а често на чантите ставаат и приврзоци во форма на животни. Во Јапонија е популарна и облеката е слична со училишните униформи – лелеави здолништа, кошули и вратоврски.
Видео за модата во Јапонија предизвика многу реакции од корисниците на социјалните мрежи кои главно беа позитивни.
„Одлично“, „Колку добро се облекуваат, сосема поразлично“, „Каков прекрасен народ, културен и фин“, „Секој на свој начин“, „Ова е фантастично за мене“, „Прекрасно“, беа дел од коментарите под видеото.
Многу тиктокери побараа од неа да сними уште повеќе вакви видеа.